Најмалку 140.000 домаќинства останаа без електрична енергија денеска поради силно невреме што погоди делови од Франција. Блокирани се и патишта поради откорнати и паднати стебла од дрвја.
Бурата Амелија донесе и поројни поплави на југоисток во државата.
Од камп се евакуирани 47 лица. Во прекин е и железничкиот сообраќај на повеќе правци.
Ударите на ветрот достигнаа 160 километри на час. Бурата се движи кон копно и интензитетот слабее, соопшти националната метеоролошка служба.