Тетекс го совлада Љуботен со 2-1 во градското фудбалско дерби во рамки на шестото коло на Трета лига запад. Овие две екипи по долги години повторно се среќаваат во ист ранг на натпреварување. И двете екипи биле дел од Првата и Втората македонска фудбалска лига во изминатите години.

За гостите првиот гол го постигна Марјан Билблиловски во 8 минута. На 1-1 израмни Нинослав Дамјановски во 21 минута, а конечниот резултат од 2-1 за Тетекс го постигна Никола Петровски во 60 минута.

Тетекс останува на првото место без ниту еден пораз во досегашните шест натпревари во Третата лига запад.