За прв пат од 2002 година, швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не може да го достигне првото или второто место во рангирањето на АТП во текот на сезоната.

Од 2003 до 2018 година, тој беше барем еднаш на некоја од првите две позиции во текот на сезоната.

Триесет и осумгодишниот Швајцарец се најде на третото место на денес објавената ранг-листата. Тој ќе остане на оваа позиција до крајот на сезоната.

Во 2019 година, ветеранот освои четири турнири.

Федерер ќе учествува на завршниот турнир на АТП, што ќе се одржи во Лондон од 10 до 17 ноември, но и да го освои, нема шанси да избие на едно од првите две места до крајот на годинава.