Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, пред натпреварот против Славија од Прага во Лигата на шампионите, истакна дека очекува тежок натпревар како оној во претходното коло одигран во чешка.
– Очекуваме ист натпревар како оној во Прага. Славија останува верна на својот стил. Тоа е тим кој игра цврст фудбал и може да биде многу опасна. Ние на почетокот на сезоната игравме лошо, потоа сè се одвиваше по нагорна линија и добивме три победи по ред. Викендот повторно изгубивме (на гости кај Леванте). Сакаме да се вратиме на игрите од пред тој натпревар, изјави Валверде.
Средбата Барселона – Славија Прага е закажана за вечер со почеток во 18:55 часот.