Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди би сакал да остане во тимот и по крајот на сезоната. Тој во Франција игра на позајмица, а има договор со Интер.
– Ќе сторам се за да останам во ПСЖ. Морам да се тестирам на теренот. Имавме добар октомври, но сепак треба да се стори многу. Треба да продолжам да покажувам што можам во наредните месеци. На крајот на сезоната ќе откриеме дали ќе останам. Сакам да се докажам добро, затоа дојдов тука. ПСЖ е еден од најдобрите тимови во светот, играњето за овој клуб е голема чест, изјави Икарди за тамошните медиуми.
Дваесет и шестгодишниот Аргентинец оваа сезона одигра осум натпревари за парижаните и постигна седум гола со една асистенција.