Промовирана е петта книга по ред на професор доктор Трајче Нацев на Факлутетот за образовани науки на катедрата по археологија и историја на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Нацев познат на македонската јавност и по низата истражувања на повеќе локалитети низ источниот регион во книгата „Ранохристијанска архитектура во источните области на Република Македонија“ презентирал се што знае и истражил во период од три децении.
Забележува дека во неа е опфатена ранохристијанската архитектура во источниот регион во период од четврти до крајот на седми век.
-Овде влегуваат базиликите, кои ги има трокорабни, петкорабни, па ги има еднокорабни базилики со централен тип и еднокорабните цркви, кои се поврзани со црквите. Додека од другите објекти, тоа се крстелниците и гробниците, вели Нацев.
Во овие објекти нотирал и под кои влијанија била нивната архитектура.
-Оваа книга ќе биде корисна за сите кои се вљубени во ранохристијанската архитектура, а секако ќе биде и од голема корист и на студентите не само во земјава, туку и пошироко, вели Нацев.
Смета дека не се доволно истражени ранохристијанските објекти и како што вели на прсти можат да се избројат.
-Тоа е ќе го споменам локалитетот „Баргала“, „Виничко Кале“, потоа на територијата на Куманово, Кратово, тоа е „Големо градиште, исто така имаме и понови истражувања и на територијата на Струмица и секако имаме истражувања и на територијата на Демир Капија, рече Нацев.
На денешната промоција на книгата „Ранохристијанска архитектира во источните области на Република Македонија“ присуствуваа и ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев, поглаварот на МПЦ Охридска архиепископија Господин господин Стефан, митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион и универзитетски професори и археолози, со коишто Нацев долги години истражувал.