Шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард изјави дека неговата земја ќе му понуди азил на боливискиот претседател Ево Моралес, кој синоќа поднесе оставка на функцијата, доколку тој тоа го побара од нив.

Мексиканската Влада, предводена од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, силно застана во одбрана на боливискиот претседател Моралес, пренесуваат британските медиуми.

Мексико го поздрави „ одговорниот став на претседателот на Боливија кој попрво избра да поднесе оставка отколку да го изложи својот народ на насилство“, соопшти Лопез Обрадор на Твитер.

Мексико меѓу првите му ја честиташе на Моралес победата на изборите, на 20 октомври, и покрај отворените прашања за резултатите, потестуваат британските мдиуми.

Ебрард изјави дека Мексико не ја прифаќа, како што кажа, воената операција што се спроведува во Боливија и дека не смее да дојде до пуч.