Францускиот тренер Арсен Венгер, за кого се шпекулираше дека ќе седне на клупата на Баерн Минхен, си најде работа во седиштето на Светската фудбалска асоцијација ФИФА.

Венгер е ангажира од ФИФА како шеф на секторот за развој на фудбалот. Венгер, кој има 70 години, 22 години го водеше Арсенал, а сега задача ќе му биде да придонесе за глобален развој на машкиот и женскиот фудбал, од технички аспект на овој спорт и едукација на тренерите.

Со самата функција, на Венгер му следува и место во техничкиот панел на Бордот на интернационалната фудбалска асоцијација, како прв човек на оваа техничка група во ФИФА.