Претседателот на Молдавија Игор Додон денеска го номинираше поранешниот министер за финансии Јон Чику за иден премиер.
Сега Чику има 15 дена да формира влада, која потоа мора да биде потврдена од парламентот.
Молдавскиот Парламент вчера и изгласа недоверба на владата. Владата предводена од досегашната премиерка Маја Санду беше избрана само пред пет месеци, ветувајќи дека ќе се бори против корупцијата. Санду формираше лабава коалиција со Социјалистичка партија, која се покажа како неуспешна поради предложените реформи за изборот на државен обвинител.
Молдавија е една од најсиромашните европски држави и се соочува со корупција и политичка нестабилност. Земјата прогласи независност по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.