Најочекуваниот настан на небото во јули – затемнувањето на Месечината, е само капка во морето на астролошки катаклизми во овој месец. Тоа за софискиот весник „Бугарија денес“ го тврди астрологот Алена, која за читателите на весникот направила избор на најзначајните собитија поврзани со ѕвездите во овој месец.
И покрај тоа што е едно од најочекуваните, затемнувањето на Месечината на 27 јули не е предвесник на радост. Причина за тоа е што затемнувањето ќе се случи во рамки на ретроградниот Меркур.
„Ќе бидеме сведоци на едно од најдолгите затемнувања на Месечината. Таа ќе биде во сенка на Земјата околу час и половина. Месечината е во соѕвездието на Водолија и го засилува стремежот кон нови познанства, желбата за проникнување кон невидливиот свет и ја поттикнива силната интуиција. Желбата за нови знаења ќе биде силна, но со оглед на Меркур, таа желба за достигнување нови знаења може да не фрли во темнината на душевно растројство, а кај психички полабилните може да доведе и до психички растројства. Светлото на создавањето е оковано, а ослободени се темните сили на мракот, па дури и на злото, кои заедно со ретроградните Марс и Меркур, имаат сила да предизвикаат севкупна агресија, распалување на конфликти, неочекувани негативни промени“, прдупредува Алена.
Таа советува сите должници, без оглед на тоа дали должат добар збор, дело или пари, да ги исчистат долговите. Во спротивно, кармата може да им создаде непријатели. „Пред денот на затемнување, добро е, ако имаме можност, сите земени заеми или одамна заборавени долгови кон блиски и познати, да се вратат, за да не си создадеме непријатели или да не стигнеме до физичко насилство кон некого“, алармира астрологот.
Алена предупредува дека периодот во кој следува затемнување на Месечината, не е благопријатен. Причина за тоа е што црвената планета – Марс ќе се приближи до Земјата. А тоа може да донесе дури и војна. „Претстојното приближување на Марс ќе биде меѓу најголемите. Сепак, да кажам за плашливите, дека ние Земјаните секогаш сме се опоравувале и мечот на Марс не не достигнуваше . Дали агресијата ќе не одмине и овој пат? За Бугарија сум сигурна, рекла Алена, но не и за другите земји. Според нејзините зборови, периодот од 26 јули до 19 август исто така е ретрограден и може многумина да доведе во состојба на паника.
„Освен Меркур, и Марс ќе биде во ретроградна фаза – во Водолија од 27 јули до 14 август. Тоа е период во кој посебно ќе доаѓа до израз потребата да се истакне личната слобода. Затоа во овој период може да се случува откажување на закажани бракови или за пречки во семејните односи“, вели Алена.
А за самиот 27 јули советува сите да внимаваат на сопствените зборови. Да потсетиме – 27 јули е ден на затемнување на Месечината, но и ден на опозиција Сонце-Марс.