Во сообраќајка утринава околу 06,40 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово кај месноста викана „Градиште”, повредени се 26 мигранти.
Несреќата се случила кога од коловозот излетало товарното моторно возило „Фолваген” во кое се превезувале 15 државјани на Авганистан, девет на Пакистан и еден од Ирак, од кои седум деца.
Од Хируршкото одделение при Општа Болница Куманово информираат дека само еден од пациентите завршил со тешки телесни повреди, и е испратен на клиника за трауматологија во Скопје, а останатите по укажаната помош ќе бидат пуштени на домашно лекување.
– На нашето одделение се примени 26 пациенти, сите се прегледани, направен е рендген и се што е потребно, констатирани се телесни повреди на 25 пациенти, кои се опсервирани, дадена е аналгетска терапија, а еден пацинет е испратен на Клиника за трауматологија. Малолетните лица се во добра општа состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, посочи Љубинка Дамјановска Крстиќ, хирург Општа болница Куманово, пренесе Слободен печат.