Орце ЃОРГИЕВСКИ

Примислав, ни Катица веќе не ти верува кога се колнеш како Заев дека не си влегол во крими шемите на СЈО за пари, туку за правда.

Ја ограбивте и опустошивте Македонија.
Ги соголевте граѓаните.
Ги избркавте младите со криминалот и корупцијата кои ги промовиравте и штитевте овие три години.
Парите ќе ги вратиш! Што побргу, тоа подобро.
Знаеш и сам дека може да ти биде олеснителна околност во истрагите кои следат.
Оправдување за рекетот и грабежот во СЈО нема и не може да има.

Полека со смешкиве колку си гинел од работа како истражител. Ти си полициски службеник, а не кловн.

Еве да ни објасниш колку земаш редовна плата во МВР како прв човек на единицата Алфа.
Колку што гледаме, успеваш да стигнеш да ја држиш и претседателската функција во боксерската федерација.
Те слушаме и како коментатор на бокс мечеви на ТВ Телма.
Во МВР те зборуваат дека си се напикал и во комисијата одговорна за контрола и издавање на лиценци за обезбедување. Ти капнувало хонорарче и од таму.

Ај сега повторно, потруди се да ни објасниш колку труд си вложил во криминалите на твојата шефица Катица Јанева и колку чинел тој ангажман. Ајде објасни како можеше да му се случи на професионалец како тебе, тоа што му се случи на Коста Крпач. Ај објасни од каде информациите по медиумите дека сте ослободувале криминалци со еден телефонски повик.

Навистина е доста со лаги и патетика. Чесните полициски службеници се жртвуваат на работа секој ден, па никој не им исплаќа додатоци за доверливост или за дополнителен ризик. Сам знаеш дека сите класифицирани информации или истраги со ПИ мерки подразбираат дека се доверливи и мора да се внимава и да не се оддаваат тие информации.

За крај, народот ќе ви каже на 12 април колку сте сработеле, а после секој ќе си одговара за тоа што го правел. Затоа, прими пријателски совет.
Соработувај во истрагата.