Водосотојот на Преспанското Езеро е за еден сантиметар намален во однос на вчера и е за 56 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември, покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчерашните, но кај Охридското Езеро водостојот е ист со просечниот, додека кај Дојранското е за 2,7 метри повисок од вообичаениот за овој период од годината.

Реките, пак, најчесто имаат понизок водостој од просечниот и бележат благо опаѓање или зголемување во споредба со вчера.