Пред малку министерот за транспорт Горан Сугарески се пофали на Фејсбук со крупни инфраструктурни проекти што се реализираат „за живот во Македонија“.
Потврда дека Сугарески е на „прав пат“ со инфраструктурата веднаш пристигна и од Кичево, каде што асфалтот бил толку квалитетен, та од него никнувале и дрвца.
– Новиот асфалт во Кичево кој беше поставен пред еден месец беше со толку тенок слој што донесе живот за едно дрвце, објави Ѓорѓија Сајкоски на Фејсбук.
И својата објава ја документира со фотографии од чудото од асфалт во Кичево од кој изникнало дрвце.