Лондонската полиција вечерва ја евакуираше метро станицата Оксфорд циркус, неколку часа по нападот на Лондонскиот мост во кој беа убиени две лица.
Како што јавија британските медиуми, во станицата влегле повеќе припадници на службата за безбедност, а забележани се и патници како во паника бегаат од подземната станица.
Полицијата соопшти дека станицата е затворена „поради инцидент со еден корисник“ на подземната железница и дека возовите моментално не стојат на Оксфорд циркус.