Градоначалникот Петре Шилегов и Град Скопје денеска со многу помпа го промовираа зелениот покрив на ГТЦ, кој вечерва протече објави порталот Република.
Денеска на покривот на ГТЦ, кој пред неколку години имаше многу гушкачи, беа промовирани „езерца“, клупи, фонтани, зеленило за кои Шилегов рече дека се простор кој ќе раѓа многу убави спомени за скопјани.
Но, вечерва протекол таванот во ГТЦ токму во делот што се наоѓа под Шилеговиот зелен покрив, под фонтаната.
Порталот Република објави и видео на кое се гледа дека на подот во ГТЦ има садови во кои се собира водата што протекува одозгора.