Во првите 10 месеци од годинава словенечката граница илегално ја преминале 14.066 луѓе, што е речиси 72 проценти повеќе од истиот период минатата година, соопшти словенечката полиција.
Според овие податоци, најголемите групи мигранти доаѓаат од Пакистан, Алжир и Авганистан.
Август бил месец со најмногу нелегални гранични премини од масовниот прилив на мигранти во 2016 година, по што бројот почнал да се намалува како резултат на влошување на времето, јавија локалните медиуми.
Се наведува и дека е зголемен бројот на мигранти кои изразуваат желба да останат во Словенија.
Околу 4.440 лица изразиле намера да побараат меѓународна заштита, споредено со 3.952 минатата година.
Сепак, статистичките податоци покажуваат дека за повеќето луѓе Словенија е транзитна земја, бидејќи повеќето поднесуваат официјално барање да ја напуштат земјата пред нивниот случај да почне да се разгледува.