Ѓавол, вештерка, лош дух, призрак или нешто слично – сето тоа не е измислица на хорор филмовите. Многу често се дел и од животот на некои луѓе. Тие кои имаат паранормални способности се сигурни во тоа.
„Грешката на многу луѓе е што не веруваат во зли духови и ги потценуваат способностите на овие појави“, тврди психологот Верона Орлова. Сите енергетски сушптества во вашиот стан можат да ви донесат многу проблеми. Затоа е важно да бидете будни.
Специјалистите кои се занимаваат со овие прашања, откриле седум главни знаци дека во домот имате несакан гост.
НЕДОСТАТОК НА УДОБНОСТ
Во домот почнува да ви станува неудобно и често сакате да излезете без посебна причина за тоа. Не ви доаѓаат роднини и пријатели, имате многу непотребни кавги во животот. Со блиски и познати, но пред се со членовите на семејството.
ЧУВСТВУВАТЕ СТРАВ
Често чувствувате страв без посебна причина, се чувствувате непријатно, разни електроуреди пискаат без причина, а преку ноќта чувствувате нечие присуство.
ИЗГУБЕНА ОБЛЕКА
Често ви се случува да не можете да најдете некои ваши работи, иако сте сигурни каде сте ги оставиле. Потоа, ги наоѓате на сосема нелогично место.
ЧУДНИ ЖЕЛБИ
Желбата за нешто чудно и туѓо не ве напушта. Мечтаете за непознати места на кои никогаш не сте биле. Можеби некој сака да ви каже нешто на тој начин?
ШУМОВИ НА ДРУГИ ЛУЃЕ
Слушате чудни звуци, шепот, смеа, плач или слично, и покрај тоа што сами? Тогаш, не бидете сосема сигурни дека навистина сте сами.
МАЧКАТА ГЛЕДА НЕШТО
Ако домашниот љубимец се однесува чудно, станува агресивен, гледа во празно, тогаш можеби имате некој туѓинец дома.