Унгарската полиција објави снимки на кои се гледаат мигранти како прескокнуваат ограда на унгарско-српската граница.
Според најновите податоци на унгарската полиција, околу 3.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во ЕУ во ноември, што е најголем број за еден месец годинава, пренесува денеска РТС.
Се посочува дека повеќето од нив се обидуваат да ја прескокнат заобиколат или пресечат оградата на унгарско-српската граница.