Владата денеска се задолжи за сума од близу 24 милиони евра. Продолжува задолжувањето без мерка, кое секако, паѓа на грбот на македонските граѓани.
Имено, на официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е реализацијата од аукцијата на државни хартии од вредност каде наместо најавените 9, 2 милиони евра, Владата се задолжи за 2,5 пати повеќе од најавените односно за огромни 23, 8 милиони евра.
Нема објаснување зошто наместо деветте мииони, Владата се задолжи за 24 милиони евра.