На Петре Шилегов не му е јасно како е можно да има божикен пост и да се слави Нова година, со тоа вели се расипува празничната атмосфера, објави ТВ Алфа.
Градскиот татко не отстапува од ставот дека големиот православен празник треба да се помести, тој е убеден и дека нема негативни реакции во јавноста и дека поголемиот дел од луѓето го делат неговото мислење.
– Знам дека 85 отсто од луѓето го мислат истото, мене ми е сеедно кога ќе се слави Божик, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божикен пост, а да се слави Нова година, изјави Шилегов.
Ставот за ова од МПЦ-ОА го соопшти портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј, кој му порача на градоначалникот да не се меша во црковните работи.
-Ако сака нека си го слави тој на 25-ти декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите, кусо порача портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј.
МПЦ-ОА засега не размислува за менување на црковниот календар по примерот на други православни земји кои веќе ги сменија датумите на празниците.
Македонија, Србија, Русија и Украина се меѓу последните кои се уште се водат по Јулијанскиот календар.
Божиќ е втор најголем празник во христијанството, Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, го прославуваат на 25-ти декември, а оние кои се водат по стариот, како МПЦ-ОА, го чествуваат на 7- ми јануари.
https://www.youtube.com/watch?v=CZspD29Kg00&feature=emb_logo