Ќерката најпрво ја избра самата казната, а потоа ги молела родителите да и дозволат да се предомисли.
Кога Меделин Стампер (15) од Тексас, била фатена како им помага на момчињата да се мушнат на парти пижама, нејзините родители одлучиле дека е време сериозно да ја казнат.
Тања Форд и Лери Стампер и дозволиле на нивната ќерка сама да ја одбере казната – или еден месец да помине без телефон, или две недели да биде без телефон, но во тие 15 дена нејзините родители би имале целосна слобода на нејзините профили на социјалните мрежи.
Меделин ја избрала пократка казна. И веројатно се покајала. Нејзиниот генијален татко ги презел нејзините профили и почнал да се однесува како типична тинејџерка на нив.
„Се чувствувам слатко, но можеби ќе ја избришам фотографијата подоцна“, напиша тој под едно селфи на Инстаграм. Понатаму, на мрежата TikTok се сликал во краток топ и тексас шорц.
По само еден ден, Меделин го молела да и дозволи да се премисли и да не го види својот мобилен цел месец.
Уште полошо за неа е што нејзиниот татко станал многу попопуларен отколку што била Меделин, и на секоја мрежа собирал неочекувани следбеници. Лајковите се удвоиле. Тато Лари станал популарен дури и од пријателот на Меделин, кој постојано го проверува својот Снепчет.
Но, во низата смешни слики, тој не ја заборави ниту својата ќерка.
– Ова е Меди. Меди успеа да заработи казна. Таа избра да се откаже од својот телефон две недели, а нејзините родители да имаат целосна контрола врз нејзините социјални мрежи за тоа време. Затоа, подгответе се за некои одлични натписи на Инстраграм, снеп четови и тиктокови од нејзините родители – напиша тој под фотографијата каде неговата ќерка учи и се крие од камерата.
View this post on Instagram
Red Dirt Thursday!! #parenttakeover #makebetterchoices #instagood #followme #feelingcute
Во другите постови, Лери ја облкувал облеката на својата ќерка, пеел во автомобил и снимал видео во кое им давал совети на другите како да трчаат. Тој сега има легија следбеници, вклучително и родители кои се колнат дека ќе ги казнат своите деца на ист начин.
Како ви се допаѓа идејата на Лери?