Во третиот квартал од оваа година просечната бруто месечна плата во Чешка се зголеми за 6,9 проценти во однос на истиот период лани.

Просечната нето плата во Чешка во моментов е 29.549 чешки круни (1.160 евра),  соопшти Чешката агенција за статистика. Просечната плата за мажи била 31.909 круни (1.249 евра) и за жени 26.887 круни (1.052 евра).

Околу 80 проценти од чешките вработени во моментот добиваат плати од 15.680 круни (613 евра) до 52.531 круни (2.056 евра).

Статистиката покажа дека бројот на вработените во земјата се зголемил за 0,1 процент, додека потрошувачките цени се зголемиле за 2,8 проценти.

Чешката Република има најниска стапка на невработеност во Европската унија веќе неколку години.

Како што е познато, актуелниот премиер Зоран Заев како лидер на СДСМ, пред доаѓањето ветуваше просечна плата во Македонија од 500 евра, која се уште е далеку од тој износ.