Родена далечната 1880 година, некаде во Германија, Волбург „Доли“ Остерих била вплеткана во еден од најбизарните скандали во светската историја.
Имено, таа се омажила за богат сопственик на успешна фабрика за престилки, но бракот не ја задоволил.
Бизарната приказна започнува еден есенски ден во 1913 година кога го замолила нејзиниот сопруг Фред Остерих да испрати еден од неговите вработени за да и ја поправи машината за шиење. Кога седумнаесетгодишниот Ото Санхубер чукнал на вратата, Доли го дочекала практично гола. Машината за шиење остана непипната, но тој судбоносен ден го означи почетокот на нивната врска што ќе трае со децении.
На почеток се сретнувале во хотели, но набрзо почнале и во куќата кога сопругот на Доли не бил дома. Висконсин во тоа време бил центар на конзервативното американско општество, а соседите почнаа да се бунат поради честите посети на непознат млад човек на мажена жена. Доли добила одлична идеја.
Ото ќе даде отказ и ќе се пресели на таванот на Остерих, каде ќе може да ужива во убавините на врската без љубопитните очи од соседството. Ото морал да се откаже од секаков контакт со луѓе, освен секојдневните задоволства со Доли. Не му пречело премногу и наскоро почнал да живее на таванот. Во текот на ноќта, тој практично ги голтал книгите што Доли ќе му ги носела од блиската книжарница.
Тој често фантазирал за животот на еден писател на шунд романи. По пет години таен живот, Ото, исто така, успеал да објави неколку романи под псевдоним, но Фред Остерих започнал да тоне во лудило. Слушнал необјасниви звуци од таванот, неговите цигари му исчезнувале, а честопати гледал сенка како минува пред вратата од спалната соба. Во 1918 година, тој одлучил да се преселат во Лос Анџелес, несвесен дека духот ќе го следи.
Доли се согласила да се преселат, но под услов новата куќа да има и поткровје. Брачната двојка почнала се повеќе и повеќе да се карам и во една жестока расправија во 1922 година, загрижениот Ото се симнал од таванот и го убил Фред за да ја заштити својата љубовница. Во малку паника, тие се согласиле Ото да ја заклучи Доли во плакар и да се преправа дека некој влегол во куќата за да го ограби и убие Фред. Полицијата поерувала во приказната затоа што немале причина да се сомневаат, на крајот на краиштата, Доли била затворена во плакарот по убиството.
Вдовицата наследила богатство и добила слобода да ужива во љуовта со Ото. Сепак, таа продолжила да го држи на таванот, а Ото подоцна раскажал дека станал роб на љубовта на Доли.
Додека претходниот љуовник живуркал на таван, Доли се свртела кон нови љубовници. Таа започнала врска со адвокатот Херман Шапиро, но и со трет љубовник Рој Клумб. На Херман по грешка му подарила часовник, кој бил на починатиот Фред, а тој часовник го пријавила како исчезнат кога бил убиен Фред. Покрај тоа, Рој го замолила да се ослободи од оружјето со кое бил убиен несреќниот Фред. Во една прилика, по жестока расправија, Рој решил да каже во полиција сè. Во тие денови на Херман му рекла дека треба да го нахрани својот полубрат, кој се криел на таванот.
Ото бил пресреќен што за прв пат по речиси десет години разговарал со некој друг освен Доли. Херман воопшто не бил задоволен што Ото бил на таванот, и веднаш го избркал. Исплашениот Ото побегнал во Канада.
Неколку години подоцна, во 1930 година, Херман и Доли се разишле во многу лоши односи и разочараниот адвокат и кажал се на полицијата. Полицијата ја уапсила и ја ставила на клупа за обвинети. На Ото било судено во отсуство и бил прогласен за виновен, но злосторството станало застарено, и тој продолжил да живее како слободен човек. Доли нашла нов љубовник со која живеела среќно следните триесет години, и тие на крајот се венчале.