Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска се огласи во врска со Меѓународниот ден за борба против корупцијата.
– На врвот сме според транспарентноста, и горди сме. Денес кога светот го одбележува Меѓународниот ден за борба против корупцијата, да се потсетиме дека отчетноста и транспарентноста се најсилното оружје против оваа подмолна болест на општествата. Министерството за одбрана е на врвот и таму и ќе остане, објави министерката Шекеринска на Фејсбук.