Министерката за правда Рената Десковска денеска е во Хаг од каде што македонската јавност ја почести со селфи и повеќе фотографии од разбрануваното море.
– Северно Море…, кратко напиша Десковска во објавата на својот Фејсбук профил.
Таа денеска „во името на Владата на РС Македонија, во Хаг, во Кралството Холандија, потпиша три меѓународни конвенции и еден протокол“.
Од Министерство за правда информираат дека станува збор за три меѓународни конвенции кои се развиени под покровителство на Хашката Конференција – две за заштита на правата на детето, како и уште еден инструмент со кој се унапредува системот на меѓународното трговско право и решавањето на споровите кои произлегуваат од меѓународните трговски трансакции.