КАМЧЕВА: Како да имам доверба во институциите, кога пред мене Боки разговараше со судии, обвинители, политичари…!

/ 10.12.2019

Сведокот Ана Камчева открива зошто не го пријавила случајот Рекет во некоја од државните институции на денешното сведочење за случајот рекет. Таа посочи дека случајот го пријавила најпрвин кај поранешниот директор на УБК, Горан Николовски со кого остварила две средби. На негово прашање зошто нема доверба во институциите таа му одговорила дека пред неа Јовановски разговарал на телефон со многу луѓе од власта, политичари, министерот за внатрешни работи, судии и обвинители.

-На првата средба со Горан Николовски, директор на УБК му кажав дека сум жртва на рекет му кажав од околу за кои личности станува збор и побарав совет од него кого да информирам. Тој ми кажа дека секако треба да се бориме против криминалот, но ме праша зошто немам доверба во институциите. На ова јас му одговорив дека во мое присуство Бојан Јовановски има разговарано со многу судии, обвинители, многу политичари со луѓе од власта, министерот за внатрешни работи, вели Камчева.

Та потенцираше дека со Николовски се сретнала два пати.

-Остварив две средби со Горан Николовски, првата средба беше пред да се милионот на кој што јас му кажав дека ова станува неподносливо за мене и моето семејство и дека се бараат многу пари од нас, додаде таа.

 


Од истата категорија