Без вода утре од 09:00 часот ќе останат корисниците на бул.„АСНОМ“ бр.26 во Општина Аеродром.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради промена на затварач (шибер) на водоводна мрежа со пречник од Ф – 150мм на бул.„АСНОМ“ бр. 26 во Општина Аеродром.
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.