Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска забележа триумф на гостувањето кај Атланта со 101:96 и се изедначи со ефектот на Милвоки кој има 24 победи и само три порази.
Вообичаено, Леброн Џејмс беше најдобар играч на натпреварот со 32 поена и 13 скока. Дабл-дабл ефект имаше и Ентони Дејвис со 27 поени и 13 скока.
Резултати на другите три средби одиграни ноќта меѓу недела и понеделник:
Бруклин – Филаделфија 109:89
Денвер – Њујорк 111:105
Голден стејт – Сакраменто 79:100.