Градоначалничката Наташа Петровска, која летоска се прослави со „филозофски мисли“ на Фејсбук, на промоцијата на новата спортска сала во Битола пред присутните направи „стој на глава“.

Таа со оваа нејзина „акробација“, како што објави порталот Апла, смета дека испратила порака до младите:

– Порака до сите млади, за сите оние кои што сакаат да ви го превртат светот има еден лек, гледајте ги работите од друга перспектива, останете свои и не дозволувајте да ви го сторат тоа, била пораката на градоначалничката.

Погледнете го видеото кое може да го отворите и ТУКА.

https://www.youtube.com/watch?v=K6XOIQ1DN_8