Јас алкохол многу ретко пијам, а секоја втора пијандура во оваа држава мене ме вика пијандура, изјави вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Шилегов вечерва во интервјуто за ТВ Алфа, покрај другите, доби и едно „незгодно“ прашање од гледач. Гледачот го праша градоначалникот „од која ракија најмногу боли глава“. Шилегов побара да одговори на прашањето и рече дека тоа е валкана кампања против него.
– Кога бев жесток перјаник на тогашната опозиција, тогашната власт не можеше да најде слаба точка на Петре Шилегов и тогаш почна црната пропаганда дека сум алкохоличар. Јас тоа го гледам дека се случува. Тоа е црна кампања, а јас алкохол многу ретко пијам. А секоја втора пијандура во оваа држава мене ме вика пијандура, одговори Шилегов.
Шилегов во предизборната кампања, пак, тврдеше дека воопшти не пиел алкохол.