Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 декември.

Денеска е Св. маченичка Варвара и св. Јован Дамаскин.

Света Варвара се роди во Хелиопол, за царувањето на Максимијан. Татко и беше незнабожец. Се викаше Диоскор и беше многу богат човек. Варвара израсна во осама, во богатите дворови на татко и. Нејзината мисловност и помогна да го познае Бога преку величината и совршеноста на созданието.

Подоцна се крсти. Кога татко и дозна за тоа, ја предаде на властите. Света Варвара претрпе големи измачувања заради Христа и најпосле ја погуби нејзиниот безумен татко.

Денес Црквата го слави и свети Јован Дамаскин. Живееше во осмиот век. Со голема ревност и длабочина на мислата го бранеше Православието и почитувањето на иконите од иконоборците.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Иван де Мата.

Бил роден во 1154 година во местото Фаукон во јужна Франција. Татко му бил барон, а мајка му грофица. Побожните родители го учеле на милосрдни дела, со кои им помагал на сиромашните и болните. Подоцна одлучил да стане свештеник и работел за ослободување на христијанските робови кои „паднале” во рацете на муслиманите. За таа цел го основал Пресветото Тројство. Свети Иван собирал пари за откуп на робовите. Кога отпатувал во Тунис бил изложен на големи опасности и претепан. Пред да умре се сретнал со свети Фрањо Асишки.