Една од првите наметки на Кристофер Рив како Супермен, е продадена на аукција во Лос Анџелес за 193.750 долари, соопшти аукциската куќа „Џулијенс окшнс“.

На снимањето на филмот „Супермен” од 1979 година, Рив имал вкупно шест црвени наметки.

На аукцијата синоќа се продадени околу 400 предмета – реквизити и костими користени во познати холивудски филмови. Така, униформата на Патрик Стјуарт за улогата на капетан Жан-Лук Пикард во „Ѕвездени патеки” беше продадена за 28.800 долари.

Костимот на глумецот Леонард Нимој како Спок пак, е продаден за 20.000 долари.

За скафандерот на Ден Акројд од филмскиот серијал „Истерувачи на духови”, цената достигна 32.000 долари.