Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, реагирајќи на изјавата на поранешната преговарачка Едита Тахири дека ќе има војна ако Србија не ја признае независноста на Косово, денеска изјави дека нема да има независно Косово.
Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград, Едита Тахири денеска изјави дека ќе се случи војна ако Србија не ја признае независноста на Косово. Како што јави косовскиот весник „Лајм“ таа на собирот „Пат кон конечен договор помеѓу Косово и Србија“ во Приштина истакна дека „Косово и Србија не се двете Германии“.
„Тахири нема свои деца, затоа така лесно ги фрла во војна. И кога беше на официјална функција не беше при себе, а сега, кога никој за ништо не ја прашува, сосема полудела. Луда баба. А сите кои ја користат лудата баба да го зборува она што не сакаат гласно да го кажат, а би сакале да се случи, да повторам – нема независно Косово и точка“, напиша Вулин во пишана изјава.