Зое Кравиц, убавата ќерка на Лени Кравиц и Лиза Бонет, сака да ги почести обожавателите со секси фотографии на Инстаграм, а овој пат објави фото на кое е топлес.
На фотографијата, Зое држи праска во устата, а градите и ги покрива со рацете на кои има многу тетоважи.
Ова не е нејзина прва фотографија на која е разголена, таа објави слична во септември оваа година.
Неодамна беше откриено дека младата актерка, која неодоливо потсетува на својата позната мајка, ќе ја отелотвори Жената Мачка во новата интерпретација на франшизата за популарниот суперхерој, покрај Роберт Патинсон кој го глуми Бетмен.