Албанскиот претседател Илир Мета го смета за „шизофрен конфликт“ континуираниот судир меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата што влијаело во масовното заминување на албанските граѓани од земјата,пренесува Топ чанел телевизија.

Според Мета, најновите бројки покажуваат дека бројот на албанските граѓани, кои ја напуштиле земјата, бележи раст од 16 отсто споредено со лани, со тенденција на зголемување.

Претседателот побара од политиката да се одрази за ситуацијата, но, исто така, ги повика Албанците да се „повикаат на разумот“ дека и покрај тоа што може да одат во која било друга земја во светот за подобар живот, тие ќе ја изгубат својата татковина.

– Моја најголема грижа е секојдневниот земјотрес со внатрешно крварење, што го нарекувам депопулација. Политиката прва треба да се одрази, но Албанците исто така треба да се повикаат на разумот затоа што можат да избегаат во која било земја во светот, но ќе ја загубат својата татковина, рече Мета.

Во врска со пакетот закони за спречување клевета, кој предвидува високи казни за онлајн медиумите и дополнителни овластувања за државните надзорни агенции, што и покрај противењето на новинарите пратениците од владеачкото мнознство го усвја вчера на пленарна седница.

-Најпрво,со посебно внимание ќе го разгледам, бидејќи се зборува за измени кои се направени во последен момент. Потоа ќе одлучам дали ќе го потпишам или ќе го вратам на повторно разгледување во Собранието,одговори Мета на новинарско прашање.

Се задржа и на иницијатвата „Мини Шенген“ велејќи при тоа дека е „за регионални иницијативи кои даваат повеќе резултати отколку дебати“.