Британскиот премиер Борис Џонсон денеска доби одобрение за законот за брегзит во Парламентот, прв чекор кон исполнување на неговото изборно ветување за напуштање  на земјата од Европската унија до 31 јануари.

Пратениците гласаа 358 спрема 234 во корист на второто читање на законот, потребен за ратификување на договорот со Брисел за напуштање на ЕУ.

Следната фаза ќе биде завршена во јануари во Парламентот.