Оваа приказна започнала кога сопственичката на кафуле, Ени Дејвидсон, од прозорецот на станот над кафулето видела дека еден од нивните чести муштерии и помага на непозната жена да смени гума на автомобилот
.
Шуреј Мишел се возела низ Огден кога пред кафулето, на сред пат, и пукнала гума. Иако нејзиниот автомобил го блокирал сообраќајот, никој не застанал да и помогне. Додека стоела, беспомошно гледајќи дали некој ќе и помогне, и пришол Чак и и понудил помош.
„Одеднаш се појави еден човек и ме праша дали имам резервна гума“, вели Шуреј. „Тој веднаш почна со акција- тоа беше навистина убаво“.
Неговото дело е прекрасно од две причини: прво, Чак е бездомник и иако има многу малку, тој беше безусловно спремен да и помогне на жената која е во неволја и второ, целата заедница Огден секогаш се грижела добро за бездомниците. Кафулето на Ени има посебни цени за нив. Но, тоа не им одговара на сите. Многумина се бунеле за големата помош на бездомниците, иако некогаш и тие биле вработени луѓе кои ги изгубиле работните места и после тоа и нивните домови.
Но, Дејвидсон не сакаше да слушне за тоа и нејзиното кафуле секогаш беше пријателско за сите бездомници, додека другите почнаа малку да го избегнуваат тоа. Истите тие луѓе минувале покрај Шуреј кога и пукнала гумата, а бездомникот дотрчал да и помогне.
Дејвидсон се обидува да ја разбие стигмата која често ги придружува бездомниците, а сега почна акција „плати однапред“ каде луѓето можат да оставаат дополнителни пари кога го плаќаат својот оброк, за да може некоја сиромашна личност утре ден да добие бесплатен оброк.