Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 декември.
Денеска е Св. маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест.
Овие петмина пострадаа во времето на императорот Диоклецијан. Евстратиј беше римски војсководец во градот Саталион, а Евгениј му беше другар во војската. И Орест беше римски војник. Авксентиј, пак, беше свештеник, а Мардариј обичен гра|анин. На едни им беа отсечени главите, а другите умреа при измачувањата. Подоцна, моштите им беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Петочисленици, посветена на овие петмина сведоци за Христа.
КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Стјепан Првомаченик.
На првиот ден од Божик ја славиме љубовта на Господ кон човекот, а денеска на вториот ден од Божик: нашиот одговор до Господ, а тоа е животот, крвавото сведоштво. Стјепан го дал животот за Христос, храбро загинал, и во последните мигови од животот, се молел за оние, кои го каменувале – за непријателите свои. Таква љубов може да се најде кај вистинските христијани, бидејќи Исус јасно го поставил барањето на сите оние, кои сакаат да си одат со него, дека треба да ги љубат и непријателите и пријателите. По примерот на свети Стјепан ние им простуваме на сите.