Во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи ново име за технички министер за внатрешни работи со цел, како што денеска изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да не и дозволат на СДСМ да избега од избори.
Тој на прес-конференција рече дека станува збор за професионалец и оти јавноста наскоро ќе го дознае неговото име.
– Чекам на последните консултации со Заев, уште еднаш да поразагораваме и да се консултираме, рече Мицкокси, додавајќи дека нема да има средба, туку телофонски консултации. Додаде дека можеби и овој пат СДСМ ќе најде забелешка на изборот само за да избега од избори, но се надева дека разумот ќе надвладее.
Тој нагласи дека за новиот министер за внатрешни работи ќе се консултира и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
ВМРО-ДПМНЕ претходно го предложи Драган Ковачки за нов технички министер за внатрешни работи, а кај власта предлогот отвори дилема дали е во согласност со Уставот, откако беше истакнато дека станува збор за воено лице на служба во Армијата. Ковачки доаѓа од АРМ и е со чин полковник. Тој има долга кариера во војската, меѓудругото и како Командат на 1. механизирана пешадиска бригада.