САД почнаа со префрлање во Кувајт на повеќе од 4.000 војници од составот на 82-та воздушно-десантна дивизија од база во Северна Каролина.
Тоа се случува во момент на зголемени тензии по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.
Според портпарол на таа дивизија, потполковник Марк Барнс околу 700 војници заминале за Кувајт оваа недела. На ред се 3.500 американски војници кои треба да бидат префрлени во следните неколку денови.
Зголеменото американско воено присуство на Блискиот исток е резултат од стравувањата на Вашингтон од веројатни одмазнички напади од Иран по убиството на Сулејмани.