Канаѓанецот Џејми Кларк од Алберта се обидил да го симне неговиот син од мобилниот телефон и да го вклучи во нормален живот. Осумнаесетгодишниот Коби Кларк живее типичен тинејџерски живот, кој се сведува на играње игри и трошење време на мобилен телефон и компјутер. Кога неговиот татко забележал дека нивниот однос започнал да се влошува и станале подалечни, тој решил да направи драстичен потег.
Џејми, авантурист по природа, веќе двапати се искачил на Монт Еверест, па решил да му пружи на својот син вистинска авантура во замена за не користење на мобилен телефон. Размислувал што би било добра мамка и донел одлука да ги однесе со мотор на патување низ Монголија. Тој му ја претстави идејата на својот син за неговиот 50-ти роденден, а Коби не бил воодушевен.
„Никогаш не сум поминал викенд без мобилен телефон. Предлогот ми беше многу чуден “, рече Коби, додавајќи: „Релативно брзо реков „не“, но тогаш ми се пристори како забавна идеја, и како што започнавме да се подготвуваме за патувањето, станував повозбуден“.
Тргнале на пат кон крајот на јули и за еден месец патувале повеќе од 2.200 километри низ Монголија. Иако се фотографирале на патувањето, не сакаа да објавуваат ништо на социјалните мрежи до нивното враќање.
View this post on Instagram
Learning “the ropes” of JC’s adventuresome interests #mongoliaprep @jamieclarkeadventures
„Поголемиот дел од патувањето, бев опседнат со тоа колку ми недостасува мобилниот телефон. Станав свесен колку брзо обичните работи стануваат здодевни. Инаку, кога не знам што да правам, вклучувам YouTube или Netflix. Што да правам без мојот мобилен телефон, да гледам во ѕвездите?“, откри Коби кога се врати од патувањето.
Иако се чини дека патувањето не ја постигнало целта што ја поставил таткото, Џејми смета дека сепак имало многу позитивни страни.
„Патувањето ми помогна да го видам син ми на поинаков начин. До сега го доживував како дете што не чисти зад себе и ја остава својата јакна на каучот. Сега сфатив колку добро делува под притисок и дека тој всушност станал млад човек“, заклучи Џејми.