Амбасадорите на НАТО ќе се состанат денеска во седиштето во Брисел додека се зголемуваат тензиите на Блискиот исток, откако американските сили убија висок ирански генерал.

– Северноатлантскиот совет ќе ја разгледа ситуацијата во регионот, изјави претставник на НАТО.

– Генералниот секретар одлучи да го свика состанокот на амбасадорите на НАТО по консултациите со сојузниците.

Минатонеделното убиство на Касим Сулејмани во американски напад со беспилотно летало на аеродромот во Багдад изненади многу од сојузниците на Вашингтон и предизвика повици за деескалација.

Техеран најави одмазда за командантот на Ал Кудс силите, додека во Ирак пратениците побараа 5.200 американски војници кои се стационирани таму да ја напуштат државата.