Рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган денеска во Истанбул имаа тет-а-тет средба.
Состанокот е затворен за медиумите.
Кремљ претходно најави дека за време на разговорите ќе стане збор за натамошната соработка на двете земји, како и за најважните меѓународни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија и Либија.
Путин престојува во Истанбул каде што ќе присуствува на свеченоста по повод пуштањето во употреба на гасоводот „Турски тек“, кој ќе го транспортира рускиот гас во Турција и преку Турција во Европа.