Во пресрет на утрешниот натпревар против Украина, од 1. коло на Европското првенство, македонските ракометари денес добија поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.
– Оставете ги настрана очекувањата, оставете го минатото и иднината, уживајте во моментот. Можеби не сме фаворити како некогаш, но оваа репрезентација секогаш ја поддржуваме и за неа навиваме. Ајде Македонија! – стои во пораката на ФФМ.
Македонската репрезентација се наоѓа во Б-групата , а покрај Украинците, противници ќе и бидат и Чешка на 12 јануари и домаќинот Австрија на 14 јануари.