Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека го убедил Гранит Џака да се премисли и да остане на „Емирати“.
Поранешниот капитен на тимот сакаше да си замине по проблемите што ги имаше со навивачите на тимот, што последователно предизвика да му биде одземена лентата.
Неговиот агент дури откри во декември дека Швајцарецот склучил договор со Херта (Берлин).
– Прво сакав да дознаам како се чувствува и зошто се чувствува така. Сакав тој да го слушне моето мислење за него и дека сум подготвен да го поддржам, и да го натерам клубот да го поддржи и него, затоа што мислам дека тој навистина е многу добар фудбалер и тој може да ужива во својата игра под мое водство. Се обидов да го убедам така. Тој размисли за тоа и ми даде многу позитивен одговор. Мислам дека тој се предомисли, рече Артета.