Sвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, можеби нема да се пресели во Реал Мадрид, шпекулираат француските медиуми.
Светскиот шампион долго време се поврзува со „белиот балет“, па дури и шпанскиот тренер Зинедин Зидан јавно призна дека е за вљубен во фудбалските квалитети на младиот Французин.
Во последните неколку недели, сепак, во медиумите кружат гласини дека Ливерпул има силен интерес за Килијан и е подготвен да конкурира за него во текот на летото.
Договорот на Мбабе со „принцовите“ е до 30 јуни 2022 година, и би било интересно да се види дали парижаните би го пуштиле за примамлива понуда доколку тој самиот посака да си замине.
Во моментов Ливерпул се смета за најсилен тим во светот, остварувајќи неверојатен напредок на врвот на англиската Премиер лига. Тимот има 19 победи и само едно реми на 20 одиграни натпревари во лигата и води со 13 бода пред вториот Лестер.
Покрај тоа, минатата година тимот од Мерсисајд ја освои Лигата на шампионите, Европскиот Супер куп и Светското клупско првенство.
– Сега не е вистинско време да се прават бранови со коментари за мојата иднина. Сакам да играм фудбал и мислам само на тоа, бидејќи едвај е јануари. Сега го започнуваме последниот спринт, можеме да се бориме за трофеи. Сега не е време да зборуваме за трансфери. Сите гледаме во една насока и нема да биде исправно да разговараме за други работи, мудро рече Мбапе.