Српската актерка Неда Арнериќ почина денеска на 67 години. Таа според информациите на српските медиуми била пронајдена мртва во својот стан. На лице место има припадници од полицијата и Итната помош.
Неда Арнериќ, родена на 15 јули 1953 година во Књажевац, имаше богата актерска кариера.
Македонската публика ја запозна по улогата на Делфина, во култниот филм „Исправи се Делфина“.