Менаџерот на Челзи, Франк Лампард, објави дека домашната форма ќе биде клучна за тимот да се пласира во најдобрите четири.
Меѓутоа во последно време „сините“ не се во добра форма бидејќи тимот загуби три од последните последни натпревари во Премиер лигата на свој терен.
Тимот излегува против Барнли, меч кој влегува во графата „задолжителен“ за победа.
– Мислам дека ако сакаме да завршиме во топ 4, што би било фантастично, тогаш мора да ги освојуваме домашните натпревари. Во последно време имаме проблеми, но мора да ги исправиме, бидејќи во спротивно ќе излеземе од борбата за топ 4. Секој натпревар на домашен терен во Премиер Лигата ни дава мал скок напред и нè приближува до нашата цел. Да, во последно време навистина имавме тешки периоди. Јас, како фудбалер, ги поминав овие. Мора да ги надминеме. Јас лично поминав низ тешки времиња со работа, работа и многу работа. Јас ги повторував истите работи за време на тренингот додека не полудам, прокоментира Лампард на прес-конференцијата пред натпреварот.
Челзи го пречекува Барнли на „Стенфорд бриџ“ од 16 часот.