Најмалку 12 мигранти се удавиле кога бродот во кој се наоѓале потонал во близина на грчкиот остров Пакси.

Во спасувачката акција биле спасени 21 лице.

Три хеликоптери и шест чамци ја пребаруваат областа југозападно од Паксос, трагајќи за исчезнатите мигранти, соопшти грчката крајбрежна стража.

На бродот, од кој е испратен повик за помош, се наоѓале околу 50 луѓе.